Година на прво издание:
2004
ISBN: 978-608-4525-85-1
Број на страници: 203
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи: словенечки, словачки, полски, бугарски, српски, хрватски, латвиски, албански и романски. Достапни извадоци на англиски и германски јазик.
Жанр: фикција, роман
Опис на делото
Главни ликови се тројца уметници: Лила, писателка од Македонија, Едлира, Албанка која се занимава со фотографија и Џозеф, музичар од Пакистан. Оваа тројка се запознава во Виена, каде што живеат во ист стан како уметници-стипендисти. Иако потекнуваат од различни поднебја и култури, тие се зближуваат и наоѓаат меѓусебни сличности. Приказната во романот е раскажана од два агли; првиот наратор е Лела, а вториот наратор е минијатурна камера скриена во нејзиниот ножен палец. Роман за другоста, разликите, сличноста.
Извадоци од рецензии
Преку „Скриена камера“ во македонската литература се потврдува манирот на пишување карактеристичен за бестселере-книгите, кои на едноставен и атрактивен начин им ги доближуваат на своите современици најпровокативните прашања и ја провоцираат активната читатечска позиција во однос на нив. (Соња Стојменска – Елзесер)