Година на прво издание:

2012

ISBN: 978-608-261-105-1

Број на страници: 203

Формат:

Корица: мека

Јазик: македонски 

Достапни преводи: Словенечки, унгарски, бугарски, српски, англиски, германски, хрватски, чешки,  италијански, романски, албански, грчки. Достапни извадоци на француски и португалски. 

Жанр: фикција, роман

Опис на делото

„Резервен живот“ е приказна за две сијамски близначки родени со споени глави, Злата и Сребра, и за нивната потрага по смислата на животот обележан од физичката мана во семејната и општествената средина на осаменост, другост и (не)прифатеност. Приказната се протега од 1984 до 2012 год. од Скопје до Лондон и назад, и е отсликана на фонот на времето ние кое протекува животот на нараторката Злата опфаќајќи ги и оние настани кои се дел не само од индивидуалната, туку и од колективната меморија и историја.

Извадоци од рецензии

Резервен живот” спаѓа во најдобрите романи напишани не само во Македонија, туку и на просторите на целата поранешна Југославија во 21-от. век. Раскажувачкото мајсторство на авторката го остава читателот без здив додека пред нас се нижат години во кои се издигнуваат и се распаѓаат личните животи на јунаците, како и земјата во која што живееле.

Ненад Шапоња

 

Резервен живот на македонската авторка Лидија Димковска е мој роман-откритие за оваа година. Нема да се двоумам да го споредам со Толстој и неговата Ана Каренина – според мерилото на раскажување, според сондирањето на длабочините на душата и според тивката понизност пред трагедијата пред која повремено го спуштаме погледот од страницата и го упатуваме некаде низ прозорецот…

Маргарита, Боичева

 

Резервен живот е ретко проникливо дело  – и политичко и лично – и со своето маестрално писмо и епскиот домет со сигурност ќе се втемели како трајно дело во светската книжевност.

Foreword Review

Автор

Повеќе од авторот

Напишете коментар

Your email address will not be published.

Post comment