Година на прво издание:
2016
ISBN: 978-608-4770-87-9
Број на страници: 171
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи: словенечки, бугарски, полски, бугарски, српски, хрватски и англиски. Достапни извадоци на италијански и француски.
Жанр: фикција, роман
Опис на делото
Приказна за бабата Недељка од Сплит која заради љубовта кон Италијанецот Карло после Втората светска војна се сели на Сицилија. Преку замислениот дијалог со нејзината истоимена внука Недељка, романот обработува теми како што се судбинската неминовност, односот внука – баба, различните начини на живот во различни социо-економско географски услови, идентитетот, домот и бездомноста како душевна состојба, политичките идеологии, улогата на жената во различните општества и меѓу многуте други теми, како и темите за љубовта и смртта/војната.
Извадоци од рецензии
Новелата на Димковска Но-Уи остава длабок, на моменти, тегобен впечаток и низа суштински прашања, отворени како доживотен предизвик. Прашањето за нашиот (доброволен или принуден) престој во јазиците е само едно од нив! А, пак, тоа прашање, подеднакво, се однесува и на престојот во својот мајчин, а не само, во туѓиот, новоусвоен (јазично-културен) идиом.
Елизабета Шелева