Година на прво издание:
2021
ISBN: 978-608-243-459-9
Број на страници: 336
Формат: 13×20
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: крими, трилер
Опис на делото
Две години по неговото враќање од Виена, полицискиот инспектор Виктор Николов живее мирен живот во Скопје, и се повеќе се зближува со својата девет годишна ќерка Теона. Мирната есенска идила е нарушена кога едно септемвриско утро во багажникот од нејзината кола е пронајдено телото на дваесет и деветгодишната новинарка Драгана Несторовска. Причината за смртта е недостаток на воздух, како резултат на давење.
Виктор е под притисок што побргу да го разреши случајот додека на површина излегуваат сомнителни детали од минатото на новинарката, како и одреден број на осомничени кои што би можеле да имаат мотив за нејзиното убиство. Помеѓу нив се и наркоманот од непосредното соседство, нејзината најдобра пријателка и повремена љубовница, но и кандидатот за Претседател на претстојните претседателски избори…