Година на прво издание:
2022
ISBN: 978-608-243-533-6
Број на страници: 320
Формат: 13×20
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: крими, трилер
Опис на делото
Декември, 2019 година. Едно понеделничко утро во Скопје е пронајдена убиена жртва во подрумот под градскиот трговски центар. Навидум обичното убиство со лихварска заднина бргу се покажува како покомплицирано, кога следната недела е пронајдена нова жртва, убиена под слични околности, без било какви поврзаности со претходниот случај. Одеднаш, полицискиот инспектор Виктор Николов со колегите од Одделот за крвни деликти е соочен со свиреп сериски убиец, кој од новинарската фела го добива прекарот Одмаздникот и кој зад себе не остава траги, освен мистериозната порака најдена на местата каде што напаѓа. Како што деновите одминуваат и годината полека кулминира со новогодишната ноќ, така растата и професионалниот и личен влог за главниот инспектор, кој освен што е принуден да ја следи трагата на убиецот низ разни делови од земјата, соочен е и со можноста да се смири со поранешната сопруга…