Биографија

Анде Јанков е роден на 5.6.1988 година во Велес. Од најмала возраст покажува афинитет кон пишаниот збор, пишувајќи кратки раскази низ годините. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 2012 година.

Неговиот прв роман Едно лето на Крит, кој излегува од печат во 2016 година, е добитник на наградата Романијада за најдобар деби-роман на издавачката куќа Култура. 2020 година, во издание на Антолог, излегува неговиот втор роман, Виенски гамбит, замислен како прв дел од подолга крими-серија. Во 2021 година, излегува Сигурен ризик, продолжение на приказната за инспекторот Виктор Николов. Во 2022 година, излегува третиот дел од серијалот, Само Бог простува. Кон крајот на 2020 година го почнува книжевниот буккаст Книжевни разговори, во кој што неделно му гостуваат најновата генерација на домашни автори од книжевната сцена. Подкастот зад себе брои четири сезони, шеесет епи-зоди, и педесет автори од Македонија и регионот. Кога треба да e краток, пишува поезија.

Важи за водечки автор во крими-жанрот во Македонија, поради придонесот за проширување на неговите граници во современата македонска литература.

Библиографија

2024, фикција

2021, фикција

2020, фикција

2021, фикција

Поврзани новости

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment