
Година на прво издание:
2024
ISBN:
Број на страници: 122
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: фикција
Опис на делото
Романот Светот што го избрав е приказна за трансформацијата на Леона, чие чувство за себе и сопствениот идентитет се менува низ контактот со луѓето и просторите: подрумот во кој се вселува, состанарите и околниот двор, членовите на одборот за наставни програми, канцеларијата за состаноци, барот. На почетокот од романот протагонистката, по дваесет години живот со своето семејство, се соочува со нова ситуација, без стан, без работа, без пари, со привремен ангажман. Новите околности и луѓето што ги запознава кај неа поттикнуваат сеќавања, интроспекција, анализа на своите и на туѓите постапки, изнаоѓање на причините зад нив.
Наградата Роман на годината за 2024 година, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културни вредности „Славко Јаневски“.