Година на прво издание:

2003

ISBN: 978-608-243-300-4

Број на страници: 146

Формат: 13×20

Корица: мека

Јазик: македонски 

Достапни преводи: англиски, полски јазик

Жанр: љубов, белетристика, фикција, роман

Опис на делото

„Spectator“ е единствен дебитантски роман во современата македонска книжевност со осум изданија. Првата вистински урбана книга што пренесува машко-женски ситуации од 12 европски града, меѓу нив и Скопје, но блиски на сите луѓе на светот.

Извадоци од рецензии

Јас не сум книжевен теоретичар. Кога пишувам сум писател, кога читам сум читател. Но, кога зачекорив во светот на Spectator, станав нешто трето, станав читател што во себе раѓа писател, затоа што читав и сонував свет што и јас сакам да го надградувам. Затоа што Spectator секојдневјето го прави волшебно и ти дава можност и ти како читател да се искреираш во книгата. Да се бараш себеси, својата љубов, онаа што завршила, онаа што наскоро ќе се роди.

Ако никогаш не ви паднало на ум како изгледа ДНК на љубовта, Spectator ви ја нуди таа лекција. Тука ќе ги најдете биологијата на човечката љубов, хемијата на еротиката, физиката на страста.

Затоа доста читате што јас сум нашол читајќи го Spectator. Седнете и читајте го Spectator. Знам дека ќе го најдете тоа што ви е потребно.“

Александар Русјаков

 

Ставот на Милорад Павиќ: „Ако сакам да го променам начинот на читањето, морам да го променам и начинот на пишувањето“ за Жарко Кујунџиски претставуваше и животна и творечка определба уште додека го пишуваше „Spectator“, и во срце, и во глава, но и на хартија. Зашто, како и Павиќ, и покрај својата младост, знаеше дека на светот постојат многу повеќе талентирани читатели отколку талентирани писатели или литературни критичари. А читателите го кажаа своето големо ДА за овој роман. И така спектакуларно во Библиотеката НАЈчитаните на „Култура“ многу брзо, и тоа веднаш зад „Папокот на светот“ на Венко Андоновски (2002) и „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски (2003), под број 9 (случајно или не) се најде и неговиот „Spectator“ (2004). Своето големо ДА го кажав, а и го напишав, и јас, и како читател и како критичар, со тоа што моето тогашно исчитување на овој исклучително нов роман, и композициски и (пре)раскажувачки, се вдоми и во мојата книга „Мал книжевен тестамент“ (2007).

Роланд Барт разликува два начина на читање. Првиот ја артикулира приказната и, бидејќи таа приказна е битното, преку неа едноставно се прелетува без притоа да се спознаат јазичните игри.  Вториот се приклештува за самиот текст и притоа го освојува, многу внимателно, трпеливо, копајќи по неговата знаковност на полето на јазикот, а не на полето на приказната. Препрочитувајќи го денес по 15 години од неговата првообјава, чувствувам колку зрело „Spectator“ ја дава токму таа можност за едно такво двојно читање преку кое се откриваат и неговата разгранета знаковност и неговата леснотија со која се градат и се нанижуваат приказните. Зашто „Spectator“ нуди големо задоволство од/во самиот текст.

Весна Мојсова-Чепишевска

Автор

Повеќе од авторот

2020, фикција

2015, книги за деца

2006, фикција

2003, фикција

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment