
Година на прво издание: 2024
ISBN: 978-608-243-758-3
Број на страници: 160
Формат: 13×20
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: фикција, збирка раскази
Опис на делото
25 ГОДИНИ ЈАС РАСКАЖУВАМ
Кога неодамна се занимавав со јубилеите во 2024, сфатив дека се навршува и четврт век од моето прво објавено книжевно дело. Расказот „Симбиоза“ се појави во списанието „Студентски збор“ во март 1999 година. Расказот е потценета форма, но истовремено форма со неверојатен потенцијал. Со оваа секавична и фриволна дефиниција секој автор би сакал и самиот да се идентификува, и затоа сметав дека една ваква збирка е најсоодветна за да го обележам овој пишувачки јубилеј со читателите. А кога ќе кажам форма со неверојатен потенцијал, меѓу другото, мислам и на ова: најкратката од овие прози има десет збора, а најдолгата речиси четири илјади зборови.
vc_row_inner css=”.vc_custom_1727087453242{margin-top: 10px !important;border-color: #B1AFAF !important;}”]
Извадоци од рецензии
Кујунџиски е мајстор на расказот, мајстор на разумот чиј корен е во срцето. На едно место, во еден расказ, пишува за себе, за тоа дека расказите ги пишува најпрвин во главата. Но, по прочитувањето, сосема е јасно дека нему разумот не му е спротивен на срцето. Како во молитвата: тој мисли со срцето. Затоа и му се случува да напише нешто толку топло, искрено и чудесно, што сигурен сум, ќе ја смени физиономијата на современиот македонски расказ. – Венко Андоновски
Расказите на Жарко Кујунџиски се современа форма на хибриден раскажувачки перформанс во кој, на исклучително вешт начин, се поврзуваат два аспекти на сеќавањето, првиот, во кој се вклучени елементите од индивидуалното искуство вградено во сеќавањата и вториот, активиран преку составот од текстови/пишувања на Другите вградени во слоевите на неговото сеќавање како читател. – Славица Србиновска
Кујунџиски пишува топли, емотивни раскази. – Knizhevnik
Секаков обид за прераскажување на неговите раскази би бил смешен. Соништата не се прераскажуваат туку – се сонуваат. – Јелена Лужина