Година на прво издание:

2020

ISBN: 978-608-243-633-3

Број на страници: 304

Формат:13 х 20

Корица: мека

Јазик: македонски 

Достапни преводи: албански јазик

Жанр: трилер, мистерија, фикција, роман

Опис на делото

Кога уредникот на издавачката куќа „Веда“ дознава дека еден познат писател е пријавен како исчезнат, тргнува да ја открие вистината. Потрагата во која ризикува сè ќе го соочи со загатки во кои се испреплетени историјата, митологијата, психологијата и општествените случувања. Лазар смета дека ако ги дешифрира тајните пораки што ги открива, ќе ја оствари одамна посакуваната цел: да се добере до необјавениот ракопис на исчезнатиот писател. 

Движејќи се меѓу границите на мистеријата и книжевниот трилер, Жарко Кујунџиски (Spectator, Америка) создава интригантен и вешто смислен роман, жанровски и стилски палимпсест, со кој пристапува во досега неистражени предели на нашата проза.   

Извадоци од рецензии

„По Spectator и Америка […] воопшто не изненадува фактот дека од писателското перона Жарко Кујунџиски ќе дојде мегароман како што е Сфинга на гневот.“ 

Елена Конеска

„Оваа книга, која е жив споменик и мапа на Скопје и на Сплит, е бесценет бунар од кој бескрајно може да се црпат симболи, кои повеќеслојно и повеќекратно се испреплетуваат за на крајот да дојдат до вистината.“

Снежана Стојчевска

„Комбинација од трилер и книжевна мистификација, со фина нота на љубов и верба во литературата. И еден лик занесеник по книги, речиси невозможен ендемичен вид во изумирање.“

Владимир Јанковски

„Просто сум восхитена од раскажувачкиот стил на авторот, отскокнува од други автори во жанрот […] Одлично, слоевито раскажување и дело што би го читала и препрочитувала.“

Стефани Табаковска

„Овој роман претставува лек за гневот зашто човек колку и да чувствува силна лутина важно е да знае да избере и да ги толкува случените настани, а со тоа се вбројува во оние дела што остануваат во наследство за идните генерации во ранг на палимпсест!“

Лидија Размоска Тримовска

„А сфингата е таа која има крилја на орел, со што целата идеја станува покомплексна, а преплетувањето на времето, мотивите, идеите неограничени од простор и време… Онака како што можеби Рубин кармин на Архангел, би се вклопила во романот или можеби во интимната меморија на авторот и неговиот град.“

Мерсиха Исмајлоска

Автор

Повеќе од авторот

2003, фикција

2020, фикција

2006, фикција

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment