
Година на прво издание:
2016
ISBN:
Број на страници: 152
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: фикција, драма
Опис на делото
Мојот непријател Итар Пејо е збирка од 19 раскази и една драма, во кои се преиспитуваат некои од големите наративи и во македонската култура, но и пошироко, низ градење на поинаква перспектива, како и низ иронија и самокритика. Првиот расказ, според кој и збирката го носи името, ја претставува потрагата по идентитет на еден фиктивен лик, соселанец на Итар Пејо, чии вредности и заложби за правда се различни од оние на Итар Пејо, па познатите приказни за овој традиционален јунак се раскажани од поинаква гледна точка. Најголемиот дел од другите раскази се случуваат во современието, при што се градат психолошки портрети на оние кои се здобиваат со моќ со помош на насилство, на оние кои неуспешно се справуваат со нив, на оние кои не забележуваат дека и самите го прават тоа што го критикуваат Притоа, често се употребува самоиронија, односно таквите ликови се и самите наратори на расказите, кои повремено, свесно или несвесно, претеруваат во своите реакции и не ги сфаќаат докрај околностите во кои се наоѓаат. Некои од расказите се уште поотворено ангажирани, односно говорат за актуелни општествено-политички проблеми. Сите текстови во Мојот непријател Итар Пејо, преку различни книжевни постапки, се обидуваат да ги разнишаат традиционално доминантните гледишта и вредности.