Биографија

М-р Жарко Кујунџиски (Скопје, 1980) – романсиер, есеист, раскажувач, драмски автор, поет, филмски критичар и преведувач. Дипломирал во 2003, а подоцна и магистрирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Бил колумнист во неколку дневни весници, основач и уредник на електронското списание „Репер“ (www.reper.net.mk), основач на првиот фестивал за европска литература „Bookstar“, копирајтер во маркетинг-агенција, како и прес-координатор на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ од Битола. Сопственик е на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.

Автор е на 13 книги. Негови дела се преведени на англиски, српски, хрватски, словенечки, полски, германски, турски, бугарски, италијански, украински, албански и на други јазици. Застапен е во голем број антологии на македонската проза и поезија. Неговиот расказ „Кога се губат очилата“ е дел од реномираната антологија The Best European Fiction 2013

Добитник е на наградите „13 Ноември“, „11 март 1943“, „Бели мугри“, „Студентски збор“, како и на награди за сценарио и глума на Фестивалот „Лица без маски“. Романот Сфинга на гневот бил македонски претставник за наградата „Балканика“ за 2021 година

Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на македонскиот ПЕН-центар. 

Spectator е прв дебитантски роман во современата македонска книжевност со седум изданија и досега е преведен и објавен на полски и на англиски јазик. Америка е преведен на италијански јазик.

Список на објавени дела (библиографија):

Spectator (роман 2003),

Ендрју, љубов и други непогоди (драми 2004),

Америка (роман 2006),

Сузан (поезија 2008, како Џеси Блејз),

Најдено-загубено (роман 2008),

13 (раскази 2010),

Мојата Сузан повторно девојка (поезија 2011),

Најкраткото долго (студија, 2012),

Скопје и сè е можно (роман, 2013),

Тино од мојот влез, (сликовница за деца, 2015),

Ние предметите, (песни, 2016),

Сфинга на гневот, (роман, 2020),

Новите авантури на Тино од мојот влез, (сликовница за деца, 2021)

Библиографија

2015, книги за деца

2003, фикција

2006, фикција

2020, фикција

Поврзани новости

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment