Биографија

Калина Малеска е македонска писателка и професорка по англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Пишува романи, раскази и книжевност за деца.

Нејзиниот роман Светот што го избрав ја доби наградата Роман на годината за 2024 година, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културни вредности „Славко Јаневски“. Нејзини раскази се преведени на неколку јазици и објавени во списанија во земјата и во странство, а учествувала и на повеќе македонски и меѓународни книжевни фестивали. Нејзиниот расказ „Поинаков вид оружје“ е застапен во антологијата Best European Fiction 2018. Два од нејзините раскази за деца се адаптирани како кратки претстави и изведени од страна на театарот за деца Сенки и облаци.

Коуредничка е  и на меѓународната збирка Awake not Sleeping: Reimagining Fairy Tales for a New Generation (2021), организирана и објавена од страна на UN Women (ECA), во која е исто така застапена со два расказа. Таа е исто така уредничка и коавторка на студијата Кон текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век) (2023), како и ко-уредничка на изданието Визуализација на современата македонска литература (2024).

Малеска предава Утопии и дистопии, Постколонијална книжевност и други предмети поврзани со англо-американска книжевност. Истражува во областа на книжевна теорија и критика, а нејзини статии поврзани за книжевни истражувања се објавени во домашни и меѓународни научни списанија.

Се занимава и со книжевни преводи од англиски на македонски и обратно, а некои од делата што ги превела се: Тристрам Шенди од Лоренс Стерн, Избрани раскази од Амброуз Бирс, Мали нешта како овие од Клер Киган, Слободна: созревање на крајот на историјата од Леа Ипи, итн.

 

Список на објавени дела (библиографија):

  1. Светот што го избрав, роман, Скопје: Или-Или, 2024.
  2. Визија, трансформација: утопии, дистопии и други замислени светови, книжевна монографија, Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“, УКИМ, 2023.
  3. Вонземјанинот Лу-Ру-Су (Lu-Ru-Su, the Alien), книга за деца, Скопје: Или-Или, 2021.
  4. Скопје во високата зона, збирка раскази, Скопје: Или-Или, 2021.
  5. Облици на моќ во современата книжевност, книжевна монографија, Скопје: Или-Или, 2020.
  6. Арно ама, книга за деца, Скопје: Или-Или, 2018.
  7. Мојот непријател Итар Пејо, збирка раскази, Скопје: Или-Или, 2016.
  8. Призраци со срмени нишки, роман, Скопје: Слово, 2014.
  9. Случка меѓу настани: Хипатија од Александрија, драма, Скопје: Слово, 2010.
  10. Именување на инсекстот, збирка раскази, Скопје: Слово, 2008.
  11. Бруно и боите, роман, Скопје: Слово, 2006;
  12. Недоразбирања, збирка раскази, Скопје: Македонска книга,1998.

 

Библиографија

2024, фикција

2015, книги за деца

2003, фикција

2006, фикција

2020, фикција

Поврзани новости

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment