Година на прво издание:

2022

ISBN: 978-608-265-095-1

Број на страници: 251

Формат:

Корица: мека

Јазик: македонски 

Достапни преводи: 

Жанр: психолошки трилер

Опис на делото

Заследи ме е психолошки трилер, кој преку приказната на Марина раскажува за порастот и значењето на социјалните мрежи во секојдневниот живот, посебно на Инстаграм и појавата на таканаречените Инфлуенсери, и соочувањето на една популарна личност на Инстаграм со демнач.

Преку секојдневието на Марина и луѓето кои ја опкружуваат читателите дознаваат за работата на Инфлуенсерите, нивните секојдневни обврски, начинот на кој се подготвуваат за една објава, времето што го вложуваат во планирање и начинот на кој тоа го прават, проблемите со кои се соочуваат притоа, конкуренцијата со која се натпреваруваат и балансирањето помеѓу приватниот живот и обврските кои произлегуваат со титулата „Инфлуенсер“. Во овој контекст романот го отвора прашањето дали „инфлуенсирањето“ може да се смета за нова професија или не.

Како суптилна тема во „Заследи ме“ се јавува и булингот, без разлика дали се работи за физичко насилство или за неговата понова форма позната како „сајбер булинг“. Самиот главен лик, жртва на булинг во училиште, сега се соочува со сајбер напад кој значително влијае на нејзиното реноме како Инфлуенсер и целосно се одразува на нејзиниот приватен и професионален живот.

Истовремено романот зборува за психологијата на личноста кога се соочува со настани кои не може да си ги објасни, а ги чувствува како личен напад, и која е границата до која едно лице може да биде однесено пред да попушти под притисокот на сопствените мисли. Како е да се сомневате во секого, па дури и во најблиските, и дали сомнежот може да доведет до лудило.

 

Извадок:

https://okno.mk/node/96889

https://lektira.mk/izvadok/zasledi-me-izvadok/

Извадоци од рецензии

„…Коцевски си игра со логиката на денешната култура, која и тоа како е моделирана од социјалните мрежи. …суптилно зборува за одговорноста на инфлуенсерот, но и за тоа колку за инфлуенсерството може да се зборува како за вистинска професија. …На површина излегуваат многу прашања врзани со интригата, со лицемерието и со сите лажни облици на денешното живеење, а Коцевски успева вешто да ги разобличи, за на читателот да му понуди четиво што и покрај својот обем е лесно читливо и заводливо.“

Автор

Повеќе од авторот

2022, фикција

2022, фикција

2024, фикција

2023, фикција

2024, фикција

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment