Година на прво издание:

2024

ISBN:978-608-243-729-3

Број на страници: 220

Формат: 13×20

Корица: мека

Јазик: македонски 

Достапни преводи: 

Жанр: трилер

Опис на делото

„Тегли“ е мрачен трилер базиран на ликови, што раскажува за Златко (од прво лице) и Розе (трето лице), кои успеале да им избегаат на „колекционерите“ на човечки делови од телото и за последиците од една таква траума врз главните ликови.

Златко, професионален провалник со смисла за црн хумор, провалува во сеф, голема соба на еден богаташ, за да дознае дека скапоценостите се всушност колекција тегли, полни со разни човечки делови и органи. Заробен е од колекционерот и мора да најде начин како да се спаси од чудовиштето.

Розе, се опоравува од втората врска со насилник, поканува маж кој штотуку го запознава во нејзиниот стан. Тој ја напаѓа, но Розе успева да го убие во само-одбрана. Не ја повикува полицијата, бидејќи го чува телото од нејзиното бившо момче во замрзнувачот. Се обидува да дознае повеќе за напаѓачот и открива дека ја има демнено подолго време и дека има крематориум. Се ослободи од телата во неговиот крематориум. Таму ја открива колекцијата на човечки делови. Одлучува да ја повика полицијата, преправајќи се дека нејзиниот напаѓач е сè уште жив, а притоа останува анонимна.

Златко почнува да работи за полицијата за да им помогне да го најдат избеганиот колекционер и жртвата која се јавила во полицската станица, додека Розе полека станува одмаздник (виџаленте) кој одлучува да ја земе правдата во свои раце, така што ја напаѓа нејзината прва жртва –сопруг кој физички ја малтретира жена си, во градскиот парк.

Златко самостојно продолжува да работи на случајот и открива дека анонимниот повик го направила Розе. Ја набљудува затоа што се сомнева дека таа, за разлика од него, го убила нејзиниот „колекционер“. Розе ја пронаоѓа совршената мета за нејзиниот гнев, Борче, богат човек кој котира високо во општеството и кој повеќекратно се извлекол со повредување на сопругата и синот.

Златко се инфилтрира во тесниот круг на пријатели на Борче како негов консултант за безбедност, со цел да се доближи до Розе. Конечно се запознаваат и тој ја препознава одлучноста во очите на Розе, дека единствениот начин Борче да плати за неговиот криминал е да биде убиен. Таа го предупредува Златко да се држи настрана. Штом Златко ќе го дознае нејзиниот план, брза да ја спречи да не стане и самата таа убиец.

 

Извадоци:

Достапен на македонски јазик на: https://lektira.mk/izvadok/tegli-izvadok/

На англиски јазик:

https://drive.google.com/file/d/18Doqv_OFh3hYaeQCm3JRU4cQZ4-B6BRe/view?usp=sharing

Извадоци од рецензии

„’Тегли’ на Коцевски е освежување во домашната книжевна продукција, прво затоа што се работи за редок поджанр кај нас – трилер и хорор, а потем и самата инригантна приказна што се развива според принципите слични на стрипот. Забележливо е и влијанието на големиот мајстор на хоророт Стивен Кинг, а би било одлично и доколку ова дело добие и филмска адаптација.“

Мерсиха Исмајлоска

 

Автор

Повеќе од авторот

2024, фикција

2022, фикција

2022, фикција

2023, фикција

2024, фикција

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment