Биографија

Роден во 1983, Јордан ја започна кариерата во академската сфера, и 2014 година се здоби со титулата Доктор по менаџмент во туризам и угостителство. Има напишано повеќе од 30 научни и стручни трудови пред да му здосади и да одлучи да ја следи својата страст да стане писател.

Првата збирка стрипови во ко-авторство со Дарко Богданов, „Мрак Хумор Тишина“, ја објави 2014, додека со истиот илустратор во 2016 ја издадоа нивната прва графичка новела „Витези од соседството“.

Збирката раскази „Време за живеење“, за која се преправа дека не постои, е неговото прво дело, објавено во 2001.

Реакцијата на читателите на неговиот прв роман „Тегли“, објавен 2021, му докажа дека знае кај тера, и многу повеќе се посвети на пишувањето. Така, наредната година следеа романите „Заследи ме“ и „Наследство: Прозорецот“, а последниот роман „Зборови“ излезе од печат во 2023 година.

Има добиено две награди за краткиот стрип „Our Eden“ (илустриран од Дарко Богданов), победено на натпревар за краток стрип на тема „четка за заби и змеј“ со „Dragon Slayer Wanted“ (илустратор Андреј Манев) и има освоено награда за најдобар млад автор за книгата „Прозорецот“.

Живее во Охрид, каде ја храни душата со неговите мистерии и убавини, додека работи како туристички водич и уредник на електронското списание за литература и друга уметност „(е)Лит“.

Библиографија

2022, фикција

2024, фикција

2022, фикција

2023, фикција

2024, фикција

Поврзани новости

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment