Година на прво издание:
2018
ISBN:978-608-261-002-3
Број на страници: 142
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи: српски и бугарски
Жанр: фикција, роман
Опис на делото
Рајнер Кестинг, германски шахист и еден од најсилните велемајстори на светот, живее во брак без деца со Хермионе и е целосно посветен на шахот. Една ноќ, го посетува непознат маж од Македонија, Кирил Манилов, кој му соопштува бизарна и запрепастувачка вест: Рајнер имал биолошки син за чие постоење не бил свесен и кој неодамна починал на 34-годишна возраст во Скопје. Единствениот пат кога Рајнер бил во Скопје е како учесник на олимијадата во 1972 г., како дел од тимот на Источна Германија. Тогаш ја запознал Анамарија со која бил во кратка врска. Сега, по триесет и четири години, соочен со новото шокантното откритие, Рајнер мора да одлучи дали уште еднаш ќе лета во Скопје со цел да дознае нешто повеќе за минатото на неговиот син, а со тоа и за сопственото минато, потполно свесен дека тоа ќе значи дека мора да ги жртвува своите подготовки за престојниот шаховски турнир.
Извадоци:
https://www.literaturfuerdenfall.at/ein-trost-fuer-die-nackten/ (германски превод)
Извадоци од рецензии
Со неговиот веќе препознатлив стил и одлична реченица, Давор Стојановски раскажува приказна која ќе го заинтригира читателот (…) Авторот и во Утеха за голите раскажува приказна којашто е мрачна и бизарна, без притоа да ја изгуби својата хуманистичка нота во сиот хаос на современото живеење.
Душко Крстевски
Романот на Давор Стојановски Утеха за голите е навистина нешто поинакво: хибриден, искршен и комплексен роман со голема и суверена амбиција, впечатлива монтажа, лизгање низ просторот и времето (…) Стојановски е вешт автор со филигрански раскажувачки детали и решенија. Една богата нарација со широки и спокојни пловни реченици кои повлекуваат цело море асоцијации и слики во себе. Многу симболика, кротка лирика, спитомени поврзувања на неповрзливото.
Оливера Ќорвезироска
Uteha za gole je roman koji je obeležen atmosferom nečeg teskobnog, kao u nekoj suptilnoj parafrazi gotskog romana (…) sadrži nenametljiv šarm diskretne malanholije koja povezuje sepiju sličica prošlog sa zapitanošću nad sobom. Ova melanholija tenziji zlokobnog suprotstavlja delovanje upravo utehe, uz koju se vlastita prošlost prihvata kao deo neupitnog poretka – bez protesta nepravednim ishodom i bez užasa pred nezasluženom prazninom.
Saša Ćirić