Година на прво издание:
2021
ISBN: 978-608-261-079-5
Број на страници: 174
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: фикција, роман
Опис на делото
Кристијан и Каја ги буди повик сред ноќ: од полиција им јавуваат дека мобилниот на нивниот 31-годишен син, Антон, е пронајден во напуштен и превртен автомобил покрај шумскиот пат надвор од градот. Но, од Антон нема ни трага ни глас. Антон е виден на јавна камера неколку часа пред автомобилската несреќа и од снимката се гледа дека е во придружба на една девојка. Кристијан и Каја дознаваат дека тоа е Сандра со која нивниот син поминувал многу време последниве години, иако никогаш не ja спомнал.
Во обид да најдат некаква смисла во хаосот, Кристијан и Каја договараат средба со родителите на Сандра: Вероника, посветена христијанка што верува дека ќерка ѝ еден ден ќе се појави, и Силвијан, имигрант и воен дезетер од неговата родна земја, кој чува огромна тајна. По неколку месеци, Сандра навистина се враќа. Се заклучува во својот дом и одбива да даде одговор за тоа што се случило со Кристијан и воопшто за ноќта на несреќата. Сето тоа покрева уште поголем сомнеж и сосема го усложнува и онака несреќниот живот на Кристијан и Каја.