Година на прво издание:
2023
ISBN: 978-608-243-613-5
Број на страници: 240
Формат: 13×20
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: Готска фикција
Опис на делото
На почетокот на 18от век, палењата на вештерки низ Европа се стивнати, но не и исчезнати. На една неделна миса, Елисавет ја здогледува таинствената Луција Лилит Абдеел, туѓинка омажена за локален благородник, за која се зборува дека била осомничена за вештерство.
Самаел, црковен прислужник и другар на Елисавет, успева да ја вработи кај туѓинката. Од ден на ден, Елисавет гледа и сфаќа дека гласините за Луција не се неосновани, но од ден на ден и нејзината верност кон неа повеќе расте.
Елисавет, Самаел и Луција стануваат нечисто свето тројство во обидот на благородничката да избега од несаканиот брак со човекот кој ја спасил од клада.