Година на прво издание:
2016
ISBN: 978-608-4770-56-5
Број на страници: 167
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи: руски и бугарски
Жанр: фикција, роман
Опис на делото
Јаков неочекувано налетува на Силвија, негова познајничка што сега живее во Париз. Двајцата се здружуваат и Јаков за првпат по долго време чувствува блискост со некого. На негово големо изненадување, Силвија дури и го поканува да дојде и да живее со неа во Париз. Верувајќи дека ништо не го задржува во Скопје, Јаков ја прифаќа понудата.
Сепак, ноќта пред да замине, Јаков здогледува познато лице во некрологот од дневниот весник. Тоа е фотографија од една девојка со која порано кратко бил во врска. Иако никогаш не споделил ништо значајно со неа, нешто го тера да присуствува на нејзиниот погреб следното утро. Соочен со смртта на речиси непознатата девојка, Јаков ги преиспитува своите постапки и му се навраќа на минатото, размислувајќи на животот со Беатрис, неговата поранешна вереница од Бретања, и се сеќава на детството и трагичната смрт на неговата братучетка.
Најпосле ни се разјаснува неговата мотивација да го напушти родниот град и да прекине секаков контакт со семејството. Одеднаш, ништо повеќе не изгледа едноставно: ниту да го напушти Скопје со Силвија, ниту да остане таму без неа.
Извадоци:
https://www.erast.si/2018/07/zbiralci-pepela/ (словенечки превод)
https://lektira.mk/izvadok/sobiraci-na-pepel-izvadok/ (македонски)
Извадоци од рецензии
Собирачи на пепел е типично ново егзистенцијалистичко писмо (…) Јаков е всушност македонскиот Улис, поточно македонскиот Леополд Блум (…) а во добар дел при скитањето во пределите на своето сеќавање израснува и во македонскиот Антоан Рокантен на Сартр (…) романот ги отвора вратите за темите на денешнината и тоа за вдоменоста и бездомноста, за чувството на недостиг, за чувството на осаменост покрај сите оние познати и непознати луѓе околу себе, за стравот од блискоста, за потребата од далечноста со своите и туѓите (…) Крај како за полн погодок!
Весна Мојсова-Чепишевска
Авторот успева на лесен и на незабележлив начин постојано да ги меша миметичкиот план, описот на реалното Скопје со симболичкиот слој на доживувањето. Надворешниот свет го слика преку неколку прецизни, но живи контури, за веднаш потоа да потоне во својата психоемотивна интерпретација на она што го гледа (…) Во делото има прекрасни метафорички пасажи на социјалната условност на неснајдените (…) Сметам дека токму поради нијансираното доловување на својата генерација, оваа проза има капацитет да биде читана и да биде почитувана од голем број читатели.
Роберт Алаѓозовски
Маркирајќи го императивот за осветлување на просторот на детството (…) Стојановски, всушност, брилијантно анегдотски го завршува романот, кој и не може да биде разрешен со конечен излез од темницата што останува запретана во заборавот и во свртувањето на погледот од семејните албуми.
Наташа Аврамовска