Година на прво издание:

2024

ISBN: 978-608-243-736-1

Број на страници: 80

Формат: 13×20

Корица: мека

Јазик: македонски 

Достапни преводи: 

Жанр: фикција, роман

Опис на делото

Сара сè уште е тинејџерка, но еден летен ден при посета на нејзината тетка добива предлог кој бара голема одговорност. Таа го прифаќа без многу размислување. Додека тетка ѝ престојува кај својот син во странство на неодредено време, таа ќе биде задолжена за одржување и надгледување на куќата. Тетка ѝ ѝ навестува дека куќата еден ден ќе ѝ припадне нејзе ако постапува како што треба.

Уште првиот ден кога Сара доаѓа да ги изврши своите одговорности, забележува чудни работи кои се случуваат внатре. Всушност, доаѓа до сознание дека секогаш е наградена на одреден начин кога постапува како што е потребно. Во моментот кога ја открива скриената соба со книги, мистериите се продлабочуваат, а Сара стои пред големи внатрешни предизвици кои понатаму ја дефинираат како личност, но го одредуваат и резултатот од договорот со тетка ѝ.

„Куќата на тетка ми“ е едноставно четиво кое има за цел да му овозможи на читателот да нурне внатре во себе и да посегне по креирање на личноста според вредности на едни поодминати времиња кои делумно или целосно се избришани од новите трендови.

 

Автор

Повеќе од авторот

2006, фикција

2020, фикција

2015, книги за деца

2024, фикција

2003, фикција

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment