Година на прво издание:
2016
ISBN: 978-608-4705-23-9
Број на страници: 450
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: Психолошко-криминален трилер
Опис на делото
Koлку чини еден човечки живот? На што сè се луѓето подготвени за да се ослободат од некој? Колку чини да се најми платен убиец? И што ако истиот тој платен убиец е најмен од неколкумина крвно поврзани луѓе со намера да се ослободат еден од друг. Овој психолошко-криминален трилер пишуван во нехронолошки редослед ги обелоденува семејното насилство и дискриминацијата на хомосексуалците, како и суровоста на привилегираните богати белци, обвиени во онолку харизма колку што е доволно да се покријат суштинската суровост и нечовечност што се кријат во ножот фино затскриен во дланката што ја држат зад својот грб.
Извадоци од рецензии
Романот Крвава месечина во себе ги спојува не толку популарните жанрови кај нас, крими-романот и психолошкиот трилер, но така што тие не се наметнуваат како негова главна карактеристика, туку можеби се јавуваат како потпрашање или контекст во приказната за Луна и за нејзината одмазда. Меѓутоа, во многуте други приказни што ќе се следат во Крвава месечина, во испреплетените и понекогаш романтичарски извонредни соодноси на ликовите, ќе стапнеме малку во политичките перипетии, ќе ги видиме заразноста на семејната драма, намамувачките игри на романтичната драма, средношколската драма, и комплексноста на семејното насилство.
Освен за животот на Луна од една страна, Крвава месечина раскажува и за една група ликови врзани со неа преку нејзиниот отсутен татко. Ликот на таткото, пак, кој најпрвин изостанува, потоа на голема врата ќе се појави пред читателите, за во еден миг на извесен начин сосема да завладее со целата приказна на многу нивоа и така навидум да добие еднакво главна улога како и Луна. Во овој живоизграден лик ќе препознаеме многу од тираните што секојдневно метафорично ни ја цицаат крвта.
Фросина Стојковска Мијатовиќ