Година на прво издание:
2021
ISBN: 978-608-4892-61-8
Број на страници: 213
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: фикција, роман
Извадоци од рецензии
…Наративот во романот Анатомија на бумбарот е поврзан со една примамлива, куриозитетна, откачена, убаво и сочно раскажана приказна раслоена во делови кои во себе носат и гнев и пркос, од една, и хумор и гротеска од друга страна, и сериозност од една, и игра од друга страна, и индивидуалност и загриженост за општочовечкото, а во спрега со судбината на својата земја, и пред сѐ, разочарување кое и во најбуквална смисла експлодира во револт кој со себе ги носи политичарите и општествените моќници како „потрошен материјал“ со секогаш предвреме истечен рок на употреба…
Борбата е клучот, а потажна од смртта е само изгубената борба. Тоа е од едната до другата точка дејствувањето на мислата на бунтовниот човек; низ историјата не се ретки случаите кога најголемите идеалисти го земаат оружјето и се пресметуваат со тие структури и олицетворенија на обезвреднувањето кои само низ призмата на нивниот мисловен идеалистички систем.
Александар Прокопиев