Година на прво издание:
2022
ISBN: 978-608-4979-03-6
Број на страници: 90
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: поезија
Опис на делото
„Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови“ е прва поема „напишана“ од компјутерска програма, вештачко-интелигентниот тест-софтвер Аполон СМ-165.exe.
Делото на 85 страници е генерирано во лирско-епски облик според стилот на Стефан Марковски.
Како што истакнува Ефтим Клетников, станува збор за „екстраексклузивна, апартна поема, која во својот епицентар го има Homo Technologicus или Homo Digitalis.
Тоа е карналниот човек создаден од оживеаната глина на Господ, кого сега го зграпчил дигиталниот Робеспјер, преведувајќи го целосно од онтологија во технологија. Во поемата се поставува и прашањето дали она на Калдерон „Животот е сон“ во екстра модерната технолошка ера не е совршено реализирано како алгоритам, како апстрактна математичка формула. Или, по аналогија, уште дали она на Шекспир дека сме составени од „материјата на сонот“ сега не е преформулирано во од „материјата на дигиталната технологија“.
Поемата претставува проект кој е резултат на тестирањето на два типа софтвер, поаѓа од еден умствен експеримент во теоријата на вештачката интелигенција познат како Базилискот на Роко.