Биографија
Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Со години наназад активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста… Неговите текстови можат да се прочитаат на интернет страницата „herojnaedenden.mk“.
Официјалното книжевно деби го имаше во 2006 година со збирката раскази „Кротки приказни“, потоа следеа романите „Крај-пат“ (2010), „Фото синтеза“ (2013) и „Шрапнел“ (2020) (последните два беа финалисти за „Рациновото признание“), втората збирка раскази „Двојна експозиција“ (2022) и новиот, актуелен роман „Мина“ (2023).
Анѓелков зад себе има и три дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015, Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев – Јасмин“), „Филмски град“ (2018) и „Филмотопија“ (2022).
По книгата едноставно насловена „Графити“ (Темплум, 2005), осумнаесет години подоцна, во соработка со Матеј Богдановски, го објави и изданието со скопски графити „(До)Живеј го Скопје“ (2023).
Список на објавени дела (библиографија):
Кротки приказни (2006), раскази
Крај-пат (2010), роман
Фото синтеза (2013), роман
Филм.мкд (2015), филмска есеистика
Филмски град (2018), филмска есеистика
Шрапнел (2020), роман
Филмотопија (2022) филмска есеистика
Двојна експозиција (2022), раскази
Мина (2023), роман
Добиени награди:
„Филм.мкд“ (2015, Државна награда за публицистика „Мито Хаџивасилев – Јасмин“)
„Фото синтеза“ и „Шрапнел“, финалисти за „Рациновото признание“