Година на прво издание:

2020

ISBN: 978-608-243-434-6

Број на страници: 416

Формат: 13×20

Корица: мека

Јазик: македонски 

Достапни преводи: 

Жанр: натприроден трилер

Опис на делото

Една млада режисерка решава по секоја цена да сними документарец за Елеонора Чернобог, девојката со телекинетички способности. Јан Леви, поранешен психијатар кој на почетокот на 1980те заедно со својата соработничка Татјана Фауст го истражувал случајот, е човекот што најточно може да ги одговори сите прашња во врска со Елеонора и нејзината телекинеза, превидувања за иднината, комуникација со оној свет и претскажувачките соништа. Дали режисерката ќе го сними филмот или патем ќе го загуби умот кога ќе почне да гледа привиденија?

Извадоци од рецензии

Приказната се темели на разоткривање на една мистерија за необична девојка Елеонора Чернобог, која има натприродни моќи. Воведот во приказната има препознатлива шема: режисерката Мона веќе долго време ја истражува познатата мистерија и најпосле трагите ја водат кај доктор Јан Леви, каде што оди заедно со своите пријатели и колеги; докторот најпрво не сака да ја прими, но нејзината упорност најпосле се исплатува, па таа успева да му направи интервју. Низ раскажувањето на доктор Леви но и од неколку други перспективи се дознаваат повеќе детали за Чернобог, а романот низ интересна постапка одбива да ги стабилизира како некаква конечна вистина. Заплетите, неочекуваните пресврти со поглем број инволвирани ликови, како и динамичното раскажување го ставаат овој политичко-психолошки трилер, во кој е вткаена и љубовна приказна, на видно место во таканаречената жанровска литература.

Калина Малевска

Романот е психолошки трилер умешно раскажан од првата до последната страница, а приказната вешто и непретенциозно се одмотува и нанапред и наназад, сè до конечниот расплет кој, во духот на добрите примероци од овој жанр, е непредвидлив до самиот крај. Во средиштето на заплетот е младата режисерка Мона, која заедно со своите пријатели Павел, Исак и Тоби успева да дојде до старскиот дом во кој се наоѓа стариот доктор Јан Леви, и успева да добие дозвола за да го интервјуира пред камера, за да сними документарец за Елеонора (Нора) Чернобог, загадочната девојка со натприродни моќи (телекинеза, проѕорливост…). Животот на Нора е минуциозно раскажан преку сеќавањата на доктор Леви (претставени во трето лице, што остава впечаток на филмска монтажа), преку неговиот дневник, но и преку сеќавањата на други ликови, а особено ликот на Кристина, некогашната управителка на домот во кој била сместена и младата Нора во деновите кога била испитувана од доктор Леви и неговата тогашна партнерка (љубовна и професионална), докторката Татјана. Делото се одликува и со една скапоцена, ретко ненаметлива општествена ангажираност (во однос на третманот на штитениците во здравствените институции), но и со свест за родови прашања и прашања за животната средина.

Живко Грозданоски

Автор

Повеќе од авторот

2016, фикција

2023, фикција

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment