Биографија
Катерина Шошко е родена на 3 септември, 1986 во Скопје, Македонија. Средното образование го добива во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Во 2008 дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на насоката Политички науки, а во 2013 магистрирала на истиот факултет, на насоката Применета политика.
Од 2011 пишува за домашни електронски медиуми, а во моментов работи како СЕО контент, веб и блог писателка.
Во 2016 година, издавачката куќа Слово Љубве го издава нејзиниот прв роман, психолошко-криминалниот трилер „Крвава Месечина“ кој во 2017 година ја доби наградата на Фондација Македоника – Книга на месец февруари. Во 2020 година, издавачката куќа Антолог го издава нејзиниот втор роман, натприродниот трилер „Случајот Чернобог“ кој влезе во потесниот круг на конкурсот „Роман на годината“. Во февруари 2023, излезе нејзиниот трет роман, готската фикција Succubus, исто така во издание на Антолог.
Крвава месечина – Награда на Фондација Македоника – Книга на месец февруари, 2017