Биографија

Давор Стојановски (1987, Скопје) е романсиер, поет, драмски автор, преведувач и музичар. Магистрирал на Катедрата за македонска книжевност на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како копирајтер и уредник. Преведува од словенечки на македонски (меѓу нив: Драго Јанчар, Горан Војновиќ, Каетан Ковач, Андреј Скубиц).

Неговиот втор роман „Собирачи на пепел“ ја освои наградата Роман на годината на Утрински весник. Голем дел од неговите дела се објавени во антологии и книжевни списанија во земјата и во странство. Остварил резиденцијален престој во Ново Место (СЛО) во рамките на проектот Читајќи го Балкан во 2018 г. и резиденцијален престој како преведувач во Дол при Храстнику (СЛО) во 2021 г.

Живее во областа Корошка во Австрија. Поранешен член на бендот Фулиш Грин.

Добиени награди:

2011: Откупна награда на конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ за расказот Соба со тенки ѕидови (Сонувајќи го Цејлон)

2013: Потесен избор за Роман на годината „Утрински весник“ за Ненасловена месечва соната

2016: Роман на годината „Утрински весник“ за Собирачи на пепел

2018: Потесен избор за Роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“ за Утеха за голите

2019: Најтесен избор за „Ацо Шопов“ на ДПМ за Импровизирани часови

2020: Номинација за Наградата на ЕУ за литература за Утеха за голите

2020: Избран и препорачан за превод од мрежата ЕУРОДРАМ за драмата Грејс Кели не пие бамбус

2021: Финален круг за Роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“ за Ноќите кога заспивавме во Помпеја

2022: Македонски кандидат за Балканика со Ноќите кога заспивавме во Помпеја

Библиографија

Поврзани новости

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment