Година на прво издание:
2023
ISBN: 978-608-243-650-0
Број на страници: 352
Формат: 13×20
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: Епска фантастика
Опис на делото
Длабоко под земја лежи второто сонце, елша. Елшата е магична материја која со векови ги хранела Сончевите кралеви, давајќи им натприродна сила. Но не повеќе. Некои не ни веруваат дека некогаш тоа било вистина.
Сега поважно е пророштвото – пророштвото кое вели дека Сончевото кралство ќе згасне засекогаш. Неизбежноста на судбината ја засенува кралската фамилија. Затоа, принц Марко, Токиј Токмакот – џинот кој не е џин, Неда – главата на Зраците, и Ѕвездан – oвчарот од Поток, мораат да го најдат Неродениот од жена, да го уништат пред тој да збрише сè.
Но, на Сончевото кралство му се закануваат и други опасности. Стариот крал е решен да ги сече врските со господарот од подземјето, а Копачите, на чело со командантот Драгор, сејат раздор и ерес по срцата на народот. Браќа и сестри ќе посегнат по зло од завист, кој со оружје, кој со магија – сите барајќи си го своето.
Херои не можат да постојат, не во оваа земја. Oваа земја плаче за крв, а сонцето под земја ќе го нахрани победникот – некој ќе го отруе, некој ќе го зацари.