Година на прво издание:

2017

ISBN: 978-608-243-218-2

Број на страници: 144

Формат: 13×20

Корица: мека

Јазик: македонски 

Достапни преводи: 

Жанр: фикција

Опис на делото

Драгана Евтимова и Владимир Лукаш преку нивните писмописци и раскажувачки гласови – Еписторија и Еписторие, соодветно успеваат во епистоларниот роман, освен реалистичната постапка и секојдневието, да вметнат и нота на надрализам, микрораскази од руски тип налик на оние на Хармс, извадоци од весници и списанија, книжевни критики, па сè до делови кои личат како репортажи од National Geographic. Сето ова придонесува овој роман да се чита и како дневник и како размена на електронска пошта и како лексикон на значења и долги прошетки по сферите на реалното, надреалното, магичниот реализам, чудесното и фантастичното. Роман, кој се испишува од психолошките игри и симулации на живот на Еписторие и Еписторија, двата влога на еден ист совршен јин-јанг карактер.

Извадоци од рецензии

Убавината во романот „Се гледаме наскоро. Е.“ е во тоа што може да се препрочитува неколкупати и одново да се откриваат симболите и алузиите во приказните. А овој роман е дефинитивно „хипервитамизиран“ со тоа. Се добива чувство дека пред себе имате исто дрво, кое во различни сезони раѓа различни цветови и плодови.

Душко Крстевски

Автор

Повеќе од авторот

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment