Година на прво издание:
2023
ISBN: 978-608-243-678-4
Број на страници: 144
Формат: 13×20
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: фантастика
Опис на делото
Во раскошна и возбудлива приказна за авантурите на главниот јунак Дон и неговите двајца придружници, тие ќе излезат од оваа Вселена и ќе се вратат назад. Дејството се протега низ 3 000 години во иднината, а приказната се движи наназад.
Во класичен роман сместена е неверојатна испреплетеност на импозантни знаења од астрофизиката, еволуцијата, политиката, техниката и технологијата, роботиката, вештачката интелигенција, физиката на малите честички и на универзумот.
Текстот е иритација и стимулација, на моменти шлаканица, на моменти охрабрување за човекот, неговата цивилизација и правецот во кој се развива тој и неговиот универзум, личен и вселенски.
Главниот лик Дон заедно со двајца пријателски роботи со прекари Хал и Р2Д2 патуваат низ познатиот и непознатиот универзум и разговараат за сите промени што настанале до 4500 година. Практично се работи за идната можна историја на човештвото.
Извадоци од рецензии
Со неверојатна испреплетеност на импозантни знаења од астрофизиката, еволуцијата, политиката, техниката и технилогијата, роботиката, вештачката интелигенција, физиката на малите честички и на универзумот.
Жанровски, стилски и тематски ова е единствен текст. Во новелата човекот има околу 600 години да најде решение за брзината со која се шири вселената и која поради тоа што е поголема од брзината на светлината ќе произведе тотален мрак. И не успеал.
Денеска за решавање на капиталните проблеми, човекот нема на располагање ниту 60 години. Можеби ќе успее со помош на вештачката интелигенција и нејзините рецепти за решавање на конфликтите.
Со превод на англиски ова дело на Валентин Нешовски, сигурен сум, ќе стане европски и светски бестселер.
Бранко Тричковски, новинар
Иако насловот на овој роман е песимистички, последната мисла, смртта и апокалипсата сепак се случуваат во нашиот колку и на прв поглед изгледа бесконечен (за талкање) сепак лимитиран универзум, но не и во неговата околина (тоа однадвор) која претстои да ја осознаеме поради сопствениот спиритус мовенс, нагон кој последен умира. Со еден ваков филозофски концепт, Нешовски на нас, читателите, со намера или без намера, сепак ни нуди утеха, а утехата е можеби и најдефицитарната емоција во нашево секојдневие.
Поврзано со филозофското, авторот продолжува да се занимава со архетипскиот предизвик на „свесноста“ – Кои сме?, Кога сме? (централно иновативно прашање на претходниот роман) и Каде се движиме, односно која е нашата смисла и улога?, зафаќајќи ја во овој роман, „свесноста“ која се создава надвор од нас, вдомена во виртуелната мрежа на алгоритми на ГВИ, и која едноставно мора да признаеме дека не прави посвесни (со тенденција да транзитираме кон супер-луѓе), не нужно и посовесни, но создава и ризици, ГВИ под одредени околности да започне да делува независно од околината и нас како нејзини создавачи, и да си ги постави себеси истите „филозофски“ прашања.
Тони Поповски, архитект, политиколог и социолог