Биографија

Валентин Нешовски е роден 1965 година во Скопје. После дипломирањето на Универзитетот „Кирил и Методиј“, работи како новинар и уредник во весниците „Нова Македонија“, „Македонија Денес“, „Денес“ и „ЗУМ магазин“. Бил дописник на неколку странски медиуми. Во 2000 година добива новинарска награда на УНХЦР за најдобра сторија од бегалските кризи. Текстот е објавуван во многу реномирани списанија во целиот свет.

Во 2004 поминува една година професионален развој на Универзитетот во Оклахома, САД, каде истражува во областа на меѓународните односи и режими и каде ја подготвува книгата „Конфликт, мир и медиуми“.

Работи за повеќе меѓународни организации како консултант во државата и во регионот.

Во октомври 2022 го објави првиот роман „Една книга“, кој е преведен на српски и бугарски, а во ноември романот „Последната мисла во Универзумот“, кој е второ продолжениа на првата книга. Ја подготвува третата книга од оваа трилогија.

Библиографија

Поврзани новости

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment