Година на прво издание:
2023
ISBN: 978-608-243-608-1
Број на страници: 176
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: фантазија
Опис на делото
Меѓу пукнатините на реалноста и имагинацијата, Демон Џонс со сигурност знае само дека е маѓепсник. Неговата моќ да создава магиско оружје ја крие со години, но откако се запознава со други маѓепсници, неговата тајна е откриена. Сега тој е прогонуван заедно со другите маѓепсници од групата убијци наречени Витези, кои сакаат да ги истребат сите кои се поврзани со магијата, но и од човекот со сини очи кој еден ден се појавува во неговиот дом и се обидува да го убие. Демон ги спасува оние маѓепсници кои не знаат за Витезите, но внатре во себе крие ужасни тајни од своето минато, кои го спречуваат да продолжи да помага. Тајни кои се причина за неговото чудно однесување и постојано молчење. Тајни кои го имаат привлечено ѓаволот од неговите кошмари. Тајни на кои ни самиот не се сеќава.
Навечер, кога ноќта ќе го скрие од сите други, тој започнува да пишува дневник. Дневникот на Демон Џонс.
Извадоци од рецензии
,,…Во рацете држам хартија, ама таа не е обична, таа е срцето, душата распослана на Демон Џонс. Тука започнува срамежливо да се проткајува една прва љубов која е во зародиш. Таа е љубов на првите погледи, на кажаното, а неизкажанато. Со многу разбирање и љубов, книгата ни ги раскажува доживувањата на Демон, во кои и ние читателите не сме неми набљудувачи, туку сведоци, учесници во вечната бора меѓу темнината и светлината.”
Анета за „Дневникот на Демон Џонс“