
Година на прво издание:
2018
ISBN:
Број на страници: 120
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: фикција, збирка раскази
Опис на делото
Книгата за деца Арно ама е роман / збирка раскази во кои протагонистите се две братчиња, Дамјан и Марко, и нивните другарчиња од населбата во која живеат. Иако секој расказ е завршена целина, сепак, со оглед на тоа дека дејството се одвива хронолошки во текот на една година, книгата истовремено може да се чита и како роман. Специфичноста на овие раскази се нивните впечатливи ликови кои не се идеализирани, туку имаат карактеристики на реалните деца – се радуваат, љубопитни се, но некогаш и се нервираат, се лутат, се караат. Делото третира прашања и проблеми со кои денешните деца навистина се соочуваат, како: убави но и стресни доживувања во градинките и училиштата, насилници во маалото, изгубени играчки и книги, префрлување во ново училиште и нова средина при селење, изнаоѓање пријатели, комуникација со дечиња од други националности, (не)грижа за животната средина, ривалство меѓу братчиња и сестрички, осаменост и слично. Таквите проблемите со кои се соочуваат децата се прикажани низ реалистично раскажување, што повремено е испреплетено и со фантастични елементи, особено кога доминира детската имагинација. Заплетите во секој расказ се најавуваат со зборовите „арно ама“ – при што вообичеаната секојдневна ситуација, како резултат на одредени околности, се усложнува, по што ликовите се обидуваат да изнајдат начини за да ги решат произлезените проблеми.