
Година на прво издание:
2021
ISBN:
Број на страници: 149
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: фикција
Опис на делото
Збриката Скопје во високата зона се состои од четири циклуси, во кои расказите се, главно, поврзани со градот Скопје, а дејството се одвива во различни временски периоди: од неодредено минато до можни манифестации на иднината. На тој начин се следат промените на урбаниот простор, но и трансформациите на навиките, културата, меѓучовечките односи, структурите на моќ во општеството, вредносните системи и животот воопшто. Во некои раскази доминира реалистичниот пристап, во некои иронијата и само-критичноста, во некои, пак, фантастични, научнофантастични или онирични елементи. Дел од расказите преобмислуваат неколку традиционални балкански сказни, при што ги демистифицираат и деконструираат традиционалните патријархални стереотипи и структури на моќ. Последниот циклус во збирката содржи и микрораскази, кои даваат слоевита и нијансирана слика на конкретни моменти и предизвици од современиот живот, сонови.