Биографија

Сашо Огненовски (1964) е македонски писател, театарски критичар и комуниколог. Неговата библиографија вклучува шест поетски книги (Лавина, 1995; Плодовите на пеколот, 2014; Пустински цвет, 2015 година, Шума, 2018, Менување на  минатото, 2019 , Други далечини, 2023 година), две книги со детски драми (Обична бајка 2002, Волшебниот компас, 2010) и две драми за возрасни (Тага, 2012; Тврдина, 2016) и два романи (Сивиот плоштад 2019, Турнеја 2020) како и трудови од областа на комуникологијара, семиотиката, мултикултурализмот, театарот отпечатени во различни списанија и презентирани на конференции ширум светот. Неговата последна драма Тврдина е објавена на англиски јазик во издавачката куќа Лулу од Северна Каролина, САД. Пишува и театарски и литературни критики, есеи и колумни за македонски и српски списанија и интернет портали како и за Plays International и Europe. За своето творештво ја доби наградата ИВА БОГДАНИ од Косово, годишната награда од Здружението на преведувачи на Црна Гора и наградата „Книжевно перо“ од Хрватското книжевно друштво од Риека, Хрватска. Неговите дела се преведени на албански, англиски, индиски, словенечки, српски, хрватски, бугарски и арапски јазик. Тој е главен уредник на книжевното списание „Книжевни елементи“ и на веб-списанието „Елементи“ и е претседател на Здружението за уметност и мултикултурализам „Перун Артис“.

Список на објавени дела (библиографија):

Други Далечини , (поезија) , 2023, ПНВ Публикации

Турнеја, (роман), 2022, Изида, Софија, (бугарски јазик)

Шума, (поезија), 2022, Твердина, Киев (украински)

 Шума, (поезија), 2022, арапски

Турнеја, (роман), 2021 Бегемот, Скопје

Pyllazim (Шума), (поетска збирка), 2020 ИВА Бoгдани, Приштина, Косово

Сивиот плоштад, (роман), 2019 ПНВ Публикации, Скопје

Менување на минатото. (поезија), 2019 ПНВ Публикации, Скопје

Шума, (поезија), 2018 Силсонс, Скопје

Чаробни компас, (детски пиеси), 2017 Алма, Белград

Citadel, (play), 2017 Publishing House ‘Lulu’, North Carolina, USA

Тврдина (пиеси), 2016, Македоника литера, Скопје

Пустински цвет (поезија), 2015, Независно издание, Битола

Плодовите на пеколот (поезија), 2014, Независно издание, Битола

Маѓичен компас, (детски пиеси), 2011, Издавачка куќа НБ, Битола

Ацо Ѓорчев – актерска легенда, (монографија), 2009, Ѓурѓа, Скопје

Обична бајка (детски пиеси), 2002, Издавачка куќа НБ, Скопје

Семантичката структура на режиите на Владимир Милчин, (научна публикација), 2002, Педагошки факултет, Универзитет Св. Климент Охридски, Битола

Лавина, (поезија), 1995, Издавачка куќа НБ, Битола

 

Библиографија

2020, фикција

Поврзани новости

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment