Биографија

Елена има завршено два типа на додипломски студии. Едните од областа на лингвистиката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а другите од областа на историјата и цивилизацијата при Конзорциумот ИКОН, Р. Италија. Постдипломски студии завршува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ со тема на магистерскиот труд „Интеркултурноста во наставата по странски јазици“. Се интересира за врската помеѓу јазикот и културата, како и за осмислување нови методи во наставата по странски јазици. Има работено на јазични истражувања на Калифорнискиот универзитет Беркли и на повеќе проекти за унапредување на наставата по странски јазици во земјава.

Филиповска работи како наставник и истражувач од 2001 година. Како наставник по италијански јазик и македонски јазик за странци, има предавано во повеќе приватни и државни образовни центри, меѓу кои гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Скопје и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Од 2014 година, се посветува на наставата по македонски и италијански јазик за странци, основајќи го јазичниот центар „Сказалка“.

 

Библиографија

2020, фикција

Поврзани новости

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment