
На прес конференцијата на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) по повод објавување на добитниците на годинешните награди на ДПМ, претседателот Живко Гроздановски информираше дека збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски, во издание на „Антолог“ е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело.
На прес конференцијата, тој сподели дека за наградата „Стале Попов“ за 2024 година, на конкурсот пристигнале вкупно 11 дела од членовите на ДПМ. Одлуката ја донела жири комисијата во состав на претседателката Лилјана Пандева и членовите Петар Андоновски и Блаже Миневски.
Како што се вели во образложението на комисијата, наградена збирка е составена од различни раскази пишувани низ долг временски период, што се забележува во стилот, јазикот и структурата на делото. Заедничко за сите нив е тоа што тие ја имаат приказната, и нејзиното создавање и нејзиното растење до речиси апокалиптични или пак банални завршетоци. Без разлика дали приказните се сотавени од само десет збора или од четири илјади зборови, раскошниот јазик на Кујунџиски „оживува“ во неговите приказни и ги оживува неговите приказни, давајќи и една ритмика на самта збирка. Бидејќи збирката почнува со најкраткиот расказ, а завршува со едно прилично долго писание, очигледно е дека авторот ја разигрува формата. Тој живее со секоја приказна, во секој нејзин ред, во секој нејзин збор. Оттука и насловот „Приказничар“ , кој се однесува на секој од нас, но денес најмногу на Жарко Кујунџиски.



Really impressed with the payout speed on this site. It is hard to find a platform this reliable these days. Good luck to everyone playing! ph2phwin
The domino games here are amazing and the community is so friendly. The APK installation was a breeze. Love spending my free time here. codominovamosapk
Solid choice for anyone looking for a reliable casino. The game selection is massive and the graphics are top notch. Five stars from me! fafabet9casino