На настанот „Книжевно отворање кон Европа – македонско искуство“ денеска беше презентирана платформата writers.mk која има за цел да ги претстави македонските автори и нивните дела пред интернационална публика и издаваштво.
Платформата цели да застапува репрезентативни имиња од македонската литература и да ги презентирап нивните дела од сите жанрови (проза, поезија, книжевност за деца, нефикција, специјални изданија) на англиски и на други јазици.
Самиот настан се залагаше за промоција на интернационални проекти при значајната втора конвенција на претставници на издавачкиот сектор во склоп на програмата Publishing Europe Fellowship. Во неа учествуваа Владимир Мартиновски, Билјана Туџаровска-Ќупева, Живко Грозданоски, Снежана Стојчевска, Тијана Милиќ, како и Надеж Агило (Франција), Џорџија Спадони (Италија), Тино Шленх (Австрија/Германија), Манол Пејков (Бугарија), Бенјамин Лангер (Германија). Настанот се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и беше дел од програмата од вториот фестивалски ден на фестивалот за европска литературa „Bookstar“ 2024.