Година на прво издание:
2021
ISBN: 978-608-65898-4-4
Број на страници: 144
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: фотокнига
Опис на делото
Во главата пишувам расказ е збирка од кратки расказ и фотокнига, направена во коавторство со Сашо Димоски. Расказите во оваа книга се пишувани во период од педесетина дена и првично објавени социјалната мрежа „Фејсбук“. Во периодот на последните денови од животот на мајката на авторката, сè до четириесеттиот ден по нејзината смрт, тие се компресирани сеќавања и размислувања поттикнати од овој настан. Во книгата, тие се надополнети со фотографиите на Димоски преку слободни асоцијации, внимателно избрани и дизајнерски вткаени и поставени на страниците на оваа книга. Најголемиот дел од 115-те фотографии се од фотоархивата на Димоски, но има и документарни фотографии од семејната архива на Баковска. Книгата ја доби наградата за најкреативно издание на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) за 2022 година.
Извадоци од рецензии
Книгата „Во главата пишувам расказ“ е прозен, лирски, животен „сендвич од деца и возрасни, прво како зајре, а потоа како лепче“; книга за родители и за нивните деца кои станале родители; за мајка и ќерка која станала мајка… Книга за последните денови од животот и за првите денови на смртта; за краткиот период во нашите животи кога истовремено ги играме двете улоги во животот: некому сме дете, другему – родител; визуелно – текстуална – емоционална мапа на едно постоење или најмногу од сѐ: вистинска книжевна Виа Долороса на Баковска, за која таа во 42. расказ вели дека е еднаква на „патот од кујната до спалната“ и дека е „долга две недели“, а јас би додала дека е бескрајна и безвремена, впечатлива кота на картата на најновата македонска книжевност.
Оливера Ќорвезироска, „Книжевна Via Dolorosa, 2021