Биографија

Елизабета Баковска (Битола, 1969). Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата за англиски јазик и книжевност. Докторирала на тема од областа родови студии на Институтот Евро-Балкан. Била главен уредник на електронското списание за култура и литература Блесок (www.blesok.mk). Преведува, пишува поезија, проза и книжевна теорија и критика. Нејзина поезија, проза и критички текстови се преведени и објавени на повеќе јазици.

Список на објавени дела (библиографија):

  • Житие на нашата љубов, поезија (Маседониа Прима, 2003)
  • Четири годишни времиња: раскази за суштински нешта, раскази (Блесок, 2004)
  • Состојби на духот и телото по триесеттата, поезија (Блесок, 2005)
  • На пат кон Дамаск, роман (Слово, 2006)
  • Варварите сè уште пишуваат поезија, поезија (самостојно издание, 2015)
  • Сопствена соба, сопствено гето: женското писмо во современата македонска проза, книжевна теорија/критика (самостојно издание, 2016); (второ издание, 2023)
  • Тринаесет осврти за книжевни и слични дела, книжевна критика (Блесок, 2018)
  • Последните голтки: раскази за суштински нешта, вторпат, раскази (самостојно издание, 2018)
  • Основоположниците на современата македонска уметност: детска енциклопедија (Ефектива, 2019)
  • Во главата слушам песна, раскази (Или-или, 2020)
  • Мајката и инаквиоте приказни, раскази за деца (самостојно издание, 2020)
  • Во главата пишувам расказ, кратки раскази/фотокнига (самостојно издание, 2021)
  • Бакнежот на пролетта, бајка за деца (Арс ламина – публикации, Либи, 2022)
  • Сите болки станаа мои, поезија (самостојно издание, 2022)
  • Автобиографија на читањето и други размисли за културата, книжевна критика и есеи (самостојно издание, 2023)

 

Добиени награди:

  • Прва награда на конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ (2010 година)
  • Прва награда на конкурсот за расказ „Скопје и катастрофалниот земјотрес од 1963та“ (2016 година)
  • Една од четирите награди на конкурсот „Современи бајки од Македонија“ на Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ (2020 година)
  • Награда „Антев златник“ за необјавен поетски ракопис на Меѓународната поетскo-културна манифестација „Анте Поповски – Антево Перо“ (2021 година)
  • Најкреативно издание за 2022 на Македонската асоцијација на издавачи, за книгата Во главата пишувам расказ

Библиографија

Поврзани новости

Напишете коментар

Your email address will not be published.

Post comment