Година на прво издание:
2016
ISBN: 978-9989-59-645-2
Број на страници: 217
Формат:
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи: англиски,украински
Жанр: фикција
Опис на делото
„Јас и Лин, отпосле“, е антиновела, колаж составен од многу фрагменти, со вграден наратив, метафикција, автофикција, игриво дело со наклонетост кон магичниот реализам и детективска приказна. Ги сретнувате и Ана Каренина и Вронски, но и самиот Толстој. За прв пат се сретнува портретиран и хомосексуален карактер. Ова инвентивно дело прави комбинација меѓу сеќавањата на младата писателка, нараторка во романот, за љубовниот триаголник во кој се наоѓа и нејзиниот обид да го напише својот прв роман. Настаните од љубовниот триаголник се раскажуваат надвор од редоследот, оставајќи му на читателот повторно да ги состави како делови од сложувалка, додека приказната за романот на нараторката во понатамошниот тек се гради до интригантен и привлечен заклучок.
Извадоци: