Новости

 

На прес конференцијата на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) по повод објавување на добитниците на годинешните награди на ДПМ, претседателот Живко Гроздановски информираше дека збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски, во издание на „Антолог“ е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело.

На прес конференцијата, тој сподели дека  за наградата „Стале Попов“ за 2024 година, на конкурсот пристигнале вкупно 11 дела од членовите на ДПМ. Одлуката ја донела жири комисијата во состав на претседателката Лилјана Пандева и членовите Петар Андоновски и Блаже Миневски.

Како што се вели во образложението на комисијата, наградена збирка е составена од различни раскази пишувани низ долг временски период, што се забележува во стилот, јазикот и структурата на делото. Заедничко за сите нив е тоа што тие ја имаат приказната, и нејзиното создавање и нејзиното растење до речиси апокалиптични или пак банални завршетоци. Без разлика дали приказните се сотавени од само десет збора или од четири илјади зборови,  раскошниот јазик на Кујунџиски „оживува“ во неговите приказни и ги оживува неговите приказни, давајќи и една ритмика на самта збирка. Бидејќи збирката почнува со најкраткиот расказ, а завршува со едно прилично долго писание, очигледно е дека авторот ја разигрува формата. Тој живее со секоја приказна, во секој нејзин ред, во секој нејзин збор. Оттука и насловот „Приказничар“ , кој се однесува на секој од нас, но денес најмногу на Жарко Кујунџиски.

 

 

 

14 коментари

  1. Installing the app was the easiest part of my day. It runs perfectly on my old phone without any lag or crashes. I really enjoy the offline mode for practice and the real money games feel completely fair. Customer care is responsive and always speaks in a friendly manner. Trust me when I say c168download delivers exactly what it promises. c168download

Напишете коментар

Your email address will not be published.

Post comment