Година на прво издание:
2024
ISBN: 978-608-243-736-1
Број на страници: 240
Формат: 13×20
Корица: мека
Јазик: македонски
Достапни преводи:
Жанр: трилер
Опис на делото
Елза Вилоу е очајна откако ќе дознае за смртта на својот сакан сопруг.
За чудо, телото го нема никаде – само локва крв и извадено човечко срце во неговиот кадилак. Таа паѓа во очај и е подготвена на сè за да дознае кој и зошто го има убиено Морган и дали тој навистина е мртов. Сосема случајно открива поврзаност помеѓу сопругот и Брент Брајсон – поранешен криминалистички психолог чија осумгодишна ќерка исчезнала под мистериозни околности. Младиот пензионер Брент е чуден, енигматичен, несекојдневен и претерано богат. Уверена дека потенцијалното убиство на Морган и исчезнувањето на Џозефин се поврзани, таа го убедува да започнат потрага по вистината за нивните сакани. За време на патувањето ги откриваат своите мрачни тајни од минатото, се приврзуваат еден со друг, чувствата добиваат предност пред нивната кауза, но и покрај тоа не се откажуваат од целта – да ја дознаат вистината за Морган, Џозефин и нивната поврзаност.
Интересни и мрачни случки, многу лаги и измами, тајни кои испливуваат на виделина, многу љубов и малку еротика, неочекувани пресврти и нераскинлив јазол на поврзаност помеѓу сите ликови кои ги запознаваме додека приказната се развива како на филмска лента.
Никогаш не треба да заборавиме дека ние луѓето сме премногу ранливи и кршливи. А кршливоста резултира со неизбежно лудило. Како да се справиме со лудилото? Дали е подобро да се сподели или треба љубоморно да се чува?