Година на прво издание:

2023

ISBN: 978-608-243-654-8

Број на страници: 223

Формат:

Корица: мека

Јазик: македонски 

Достапни преводи: 

Жанр: трилер

Опис на делото

Пеколен меден месец – Во науката го нарекуваат енергија. Во религијата – верба. Лаички е ‚‚вајб‘‘ или атмосфера. Шесто сетило. Гатачите го декларираат како претчувство. Уметниците – спиритуалност. Не знам како е правилно, знам дека постои. И дека треба да му се верува.

Бен, млад, луд, со апетит за авантура, сосема случајно и неочекувано ја запознава Кејти – нежна, емотивна, склона кон романтизирање на животот. Љубовта го наоѓа својот пат и ги спојува двајцата млади луѓе. Бен и Кејти се заљубуваат. Онака – вистински, исконски, неприкосновено. Набрзо стапуваат во брак. А што следува потоа? Секако дека меден месец. Одлучуваат да одат во Монтана, САД.

Но што може да тргне по зло?

Монтана е прекрасна. Воодушевувачки пејзажи, божествена природа, фини луѓе. Уникатни флора и фауна. Рај за очи, спокој за душа. Дабри кои ги градат своите брани, лосови кои пијат вода од бистрите реки, орли летаат високо во небото, раскошни шуми со секакви растенија, од црвен берберис до канадско гиломо…

И сеприсутно чувство на несигурност. Нешто необјасниво. Нешто што Бен и Кејти го чувствуваат, но не можат да си го објаснат. Мистериозна шума. Приказни за лудак кој избегал од лудница. Злокобен ресорт, фарма, имот…? Нешто непознато и одделено од тамошната цивилизација.

Бен и Кејти во Монтана се среќаваат со најстрашното нешто на кое некогаш се осудило човештвото.

Приказна која преку бизарни и контроверзни теми како канибализам и лоботомија, ја проучува филозофијата и човековата потсвест и психа, со значителна инклузија на љубовта и човековите емоции како важен фактор во целото патување.

Извадоци од рецензии

„Пеколен меден месец“ е книга од македонскиот автор Благоја Стојков. Станува збор за интересна, несекојдневна и чудна приказна. Авторот обработува некојдневни и тешки теми. Почнувајќи од љубов, преминува кон довербата, канибализамот и пожртвуваноста. Книгата изобилува со многу детални описи, филозофски цитати и мисли од познатите филозофи. Ликовите се соодветно изградени за да ја запознаеме позадината и да ги сфатиме нештата кои ги прават.

Билјана Велкова, Bibliophiles

Автор

Повеќе од авторот

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment