Биографија
Маша Тодевска е авторка, која ужива во пишувањето, читањето на фантастични романи, како и на рефлексивна поезија и кратки фантастични раскази. Моментално учи во СУГС „Јосип Броз Тито“- Скопје.
Била учесник на повеќе фестивали од областа на литературата како: Струшките вечери на поезијата – „Ноќ без интерпункција“ и фестивал „Нови Простори“ во Скопје.
Во 2023 го издава нејзиниот прв роман „Дневникот на Демон Џонс-Кошмарите.“
Магијата, фантастичните светови, отсекогаш ја фасцинирале, а нејзината огромна желба да чита фантазија, ја доведе до идејата за да ја пишува.