writers.mk е платформа која македонските писатели и дела ги претставува пред интернационалната публика и странските издавачи. Целта е да се направи релевантна дата база на реномирани автори кои заслужуваат да ги понудат своите дела надвор од границите на домашната сцена. Ова е нашата поддршка при остварувањето соработка на домашните автори со интернационалната публика, како и со издавачките куќи.

Проектот вклучува класици, искусни, но и нови автори од македонската литературна сцена кои активно творат во различни жанрови. Од септември 2024 година до нив застанува посветен тим кој неуморно работи да го промовира зборот и креативата на посветените создавачи.

Writers.mk е изработен во рамки на проектот Создадено во Европа: Моќта на различноста, со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.