Биографија
Владимир Јанковски е роден 1977 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во неколку издавачки куќи. Моментално работи во Македонскиот центар за литература.
Има објавено седум книги: Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ (2023), Скриени желби, немирни патувања (роман, 2020), Невидливи љубови (роман, 2015), Вечно сегашно време (роман, 2010), Лицата на невидливиот град (фотоесеи, заедно со Иван Блажев, 2010), Скопје со широко отворени очи (фотоесеј, заедно со Иван Блажев, 2008) и Огледало за загатката; разговори со Влада Урошевиќ (2008).
За романот Скриени желби, немирни патувања ја добил наградата „Роман на годината“ и бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија, а за Невидливи љубови ја добил наградата „Рациново признание“.
Активно се занимава со книжевен превод.
Список на објавени дела (библиографија):
– Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ (2023);
– Скриени желби, немирни патувања (роман, 2020);
– Невидливи љубови (роман, 2015);
– Вечно сегашно време (роман, 2010);
– Лицата на невидливиот град (фотоесеи, заедно со Иван Блажев, 2010);
– Скопје со широко отворени очи (фотоесеј, заедно со Иван Блажев, 2008);
– Огледало за загатката; разговори со Влада Урошевиќ (2008).
Добиени награди:
„Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“
„Рациново признание“
Македонски кандидат за Наградата на Европската Унија за литература