Биографија

Николина Андова Шопова (1978) е поетеса и писателка од Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет (македонска и јужнословенска книжевност) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Објавила две поетски книги „Влезот е од другата страна“ (Темплум, 2013) и „Поврзи ги точките“ (Темплум, 2014). Нејзината прва книга „Влезот е од другата страна“ е наградена со престижната награда „Мостови на Струга“ во 2013 година, награда што ја доделува УНЕСКО и фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ за најдобра дебитантска книга. Во 2014 година ја објавува втората поетска книга „Поврзи ги точките“, која е објавена и на српски јазик. Во 2016 година, избор од нејзината поезија на англиски, македонски и француски е објавен во издание на Éditions Bruno Doucey, а избор од нејзината поезија е објавен и на словачки јазик. Нејзините песни се дел од неколку антологии на македонската поезија. Преведени се на десетина светски јазици и таа е учесничка на многу поетски фестивали низ Европа. Во 2019 година ја доби наградата „Роман на годината“ за нејзиниот прв роман „Некој бил тука“ (Темплум, 2018), награда што ја доделува Фондацијата за промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Романот е преведен на српски јазик и е објавен во издавачката куќа „Тречи трг“. Во 2020 во издание на издавачката куќа „Или- Или“ објавена е сликовницата за деца „Кртот Ѕвездан“, а во истата издавачка куќа го објавува и нејзиниот втор роман „Естом“ во 2022 година.

Список на објавени дела (библиографија):

„Влезот е од другата страна“ (поезија, Темплум, 2013)

„Поврзи ги точките“ (поезија, Темплум, 2014)

„Некој бил тука “ (роман, Темплум, 2018)

„Кртот Ѕвездан“ (книга за деца, „Или- Или“ 2020)

„Естом“ (роман, „Или- Или“ 2022)

 

Добиени награди:

„Мостови на Струга“ – Струшки вечери на поезијата и УНЕСКО

„Роман на година„ – Фондацијата за промоција на културните вредности „Славко Јаневски“

Библиографија

2020, книги…

2022, фикција

2018, фикција

Поврзани новости

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment