Биографија

Јосип Коцев е роден во 1985 година во Скопје. Завршил правни студии на Правниот факултет

„Јустинијан Први“ во Скопје. Pаботи во областа на маркетингот и комуникациите. Автор е на поетските книги: „Јас, Квентин Скриблер“ (2015), „Напишана тишина“ (2016), „Сега е најдолгото никогаш“ (2018), „Музеј на чувствата“ (2019) и „Две мориња“ (2023). Добитник е на наградите „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата (2017) и на „Бели мугри“ што ја доделува Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје (2019). Трипати бил во потесна конкуренција за најпрестижната македонска поетска награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, во 2017, 2020 и во 2023. Учествувал на повеќе домашни и меѓународни поетски фестивали. Член е на Европската поетска мрежа „Версополис“. Неговата поезија е застапена во книжевни списанија и антологии во земјата и во странство.

 

Библиографија

Поврзани новости

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment